ФОТО: Манијак демне жени кај новите згради кај ФОН
Манијак демнел жени и девојки кај новите згради кај приватниот универзитет ФОН, реагира девојка што живее таму и која го пријавила во полициската станица во Автокоманда. Таа во разговор за „Слободен печат“ раскажа дека во саботата рано сабајле околу 5:30 часот, додека го шетала кучето околу зградите, видела непознат маж како се движи на еден тревник, кој ѝ станал сомнителен.
Препорачано
Девојката почнала да трча накај зградата на „Мерцедес“, а тој ја бркал, односно трчал по неа. Исплашената девојка споделила со соседите што ѝ се случило и открила дека истиот човек претходно го пријавила уште една девојка.
Но, демначот веќе заминал, па кога во понеделникот го забележала пак, викнала полиција која разговарала со него. Девојката тврди дека полицијата ѝ рекла дека нема основа да го приведе, зашто немало никаков напад.
„Слободен печат“ се обрати до МВР кое ја сподели пријавата на девојката и тврди дека демначот бил приведен и со него бил извршен службен разговор.
-На 02.03.2026 во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека на 28.02.2026 околу 05:30 часот на подрачјето на Гази Баба едно лице излегло пред неа по што истата се вознемирила и почнала да бега, а лицето трчало по неа. Исто така на 02.03.2026 лицето дошло пред нејзината зграда и гледало во нејзината тераса.
Во врска со настанот во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со А.М.(41) од Радовиш, со престој во Скопје и против истиот се преземени соодветни мерки – велат од полицијата.
По трагедијата во Карпош кога животот на мајка и ќерка заврши по пад од тераса, а потоа се откри дека биле жртви на семејно насилство, бројни се апелите на жените за помош од медиумите и институциите за да се спречат нови инциденти.
Три постапки за развод и две пресуди за насилство – каква судска историја имал сопругот насилник?


