Ивана Белчева, Фото „Слободен печат“ Агнеса Чаволи
Ивана Белчева, Фото „Слободен печат“ Агнеса Чаволи

ВИДЕО | Сведоштво: Пред мои очи Стојанче Јовановски ја тепаше Ивана, а извиците на детето не можам да ги заборавам

На 19 декември 2025 година, Стојанче Јовановски сега осомничен за наведување на Ивана на самубиство, ја тепал во паркот во Ѓорче Петров пред очите на детето. Целиот настан го посведочила Ивана Белчева, активистка против семејно насилство која за „Слободен печат“ низ солзи опишува како го гушкала и заштитувала девојчето. Инаку после оваа нејзина пријава, на полицијата ѝ требаа 45 дена да го извести Центарот за социјални работи Скопје дека имало ваков настан.

-Се надевав дека од социјалните служби уште истиот ден социјален работник е кај нив дома, бидејќи детето не може да биде во таква средина. Ако тоа го гледаме на улица, замислете што се случува дома. Сега знаеме што се случувало дома, ама само замислете што сè тоа девојче преживувало – вели таа.

Проблемот беше што малото девојче многу викаше. Звукот на девојчето до ден денешен не можам да го заборавам. Тој звук ме натера да се вратам заедно со уште една жена која беше во паркот. Како што се приближивме до нив, мажот ја удри жената. Девојчето почна да вика по мајка ѝ. Го земав девојчето во прегратка, ја гушкав, ѝ кажав дека сè ќе биде во ред. Никој не го забележа девојчето. Девојчето постојано се тресеше, вели Белчева.

Според неа, системот е слаб, не препознава ниту психолошко ниту физичко насилство во семејството, децата немаат никаква заштита, а како резултат на тоа се генерира интергенерациска траума и пренесување на насилството. Таа апелира на поголема едукација, психолози во полициските станици што ќе знаат да препознаат кога некоја жртва е исплашена и кога животот ѝ е загрозен, но посебен фокус да се стави на децата.

Стојанче Јовановски ја тепал Ивана пред детето во паркот во Ѓорче во декември – полицијата и ЦСР Скопје преспаа 45-дневна можност да спасат две души

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот