Манев: Ние сме млада екипа и во процес, горд сум на моите соиграчи

Македонската фудбалска репрезентација вчера во Скопје ремизираше против Англија 1:1 и така со реми ги заврши квалификациите за Европското првенсто.
Стоперот на Осијек Јован Манев имаше тешка задача да ги чува едни од најдобрите напаѓачи во Европа, а смета дека ова реми против Англија ќе биде мотив за уште поголеми резултати во иднина.
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во голем број и не поддржаа, тоа беше поттик за нас. Ние сме млада екипа и сме во процес, затоа сум горд на моите соиграчи. Се надевам дека со овој резултат нема да застанеме овде, затоа што имаме многу квалитет и сега уште поголема мотивација, по ова реми со Англија. Се надевам дека во следниот циклус ќе излезе на виделина она кое го работиме и заедно ќе се радуваме на нови успеси на Македонија. Англичаните се светска класа, но тоа беше мотивација за нас да ги покажеме квалитетите“, изјави Манев.
Македонија квалификациите во групата ги заврши на четвртата позиција, пред Малта, а зад Англија, Италија и Украина.
Саутгејт: Теренот беше тврд и не ни дозволуваше да имаме завршни додавања
ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија одигра храбри 1:1 против големата Англија
Мегваер: Знаевме дека ќе биде тешко, Македонија има цврст и борбен тим