Саутгејт: Теренот беше тврд и не ни дозволуваше да имаме завршни додавања

Англија го освои првото место во квалификациската група „Ц“ и од претходно веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2024.
Играчите на англискиот селектор Герет Саутгејт го освоија и потребниот бод во Скопје против македонската А репрезентација за да бидат меѓу носителите во жрепката за групите на ЕП.
Саутгејт на прес конференцијата по мечот кажа дека е задоволен од перформансите на неговите фудбалери, но се жалеше на теренот за игра, иако ФФМ се пофали дека истиот е комплетно нов.
– Перформансите на моите играчи беа добри, менталитетот беше извонреден. Одигравме добро, целосно ја контролиравме играта. Тешко ни одеше поради начинот на кој се бранеше противникот, теренот е нов, за нас тврд и не ни дозволуваше да ги имаме тие завршни додавања. Мислам дека повеќе беше пенал втората ситуација (врз Мегваер), откоколку првата. Немам коментар за пеналот, „нула“ коментар – рече Саутгејт.
Рико Луис го направи прекршокот врз Миовски за пенал за Македонија, но Саутгејт имаше пофалби за дебитантот од редовите на Манчестер сити.