Мандилиниќ по заминувањето од Е. Пелистер потпиша за АЕК Атина

Фото: АЕК Атина

Поранешниот хрватски репрезензентативец Стипе Мандалиниќ на крајот од сезонава го заврши двегодишниот престој во Еурофарм Пелистер и потпиша за екипата на АЕК Атина.

Иако се споменуваше негов трансфер во Бундеслигата, Мандалиниќ изненади со изборот на идниот клуб и потпиша едногодишен договор со грчкиот шампион АЕК Атина откако не успеа во двете години во Битола да ја прекине доминацијата на Вардар во домашното првенство.

–  Со задоволство можеме да објавиме дека потпишавме едногодишен договор со Стипе Мандалиниќ. Во својата кариера тој има пет титули шампион на Хрватска, исто толку трофеи во Купот на Хрватска. Последните две години настапуваше за Пелистер во ЕХФ-натпреварувањата, а минатата сезона во ЕХФ Лигата на Европа постигна 64 погодоци за својот тим – соопшти АЕК Атина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот