Манчини има една дилема пред натпреварот со Македонија

Роберто Манчини треба да одлучи, Балотели или Педро во нападот на „аѕурите“/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Според „Ла Гаѕета дело Спорт“, италијанскиот селектор Роберто Манчини може да вклучи само еден помеѓу Марио Балотели и Жоао Педро во составот за бараж натпреварите за Светското првенство.

Италијанците ќе се соочат против Македонија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо во полуфиналето од плеј-офот на 24 март.

Манчини ќе го открие својот состав во петок наутро и според горенаведениот извор“, а има една дилема во делот на нападот.

Или Марио Балотели или Жоао Педро би можеле да добијат повик, но тешко е да се замисли и двајцата во селекцијата. Двајцата напаѓачи беа дел од собирот во јануари кога „аѕурите“ не одиграа ниту еден натпревар, туку само тренираа.

Последниот настап на Балотели за Италија го имаше во 2018 година, додека Жоао Педро има италијански пасош и никогаш не играл за репрезентацијата. Тој оваа сезона со Каљари постигна 10 гола на 28 натпревари во Серија А.

Балотели сезонава за турската екипа на Адана Демирспор забележа 11 голови во 24 настапи.

Да додадеме уште голманот на Наполи, Алекс Мерет, кој моментно е повреден, ќе биде заменет од Пјерлуиџи Голини, членот на Тотенхем.

Италијанците дозволија 100% капацитет во Палермо за баражот против Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот