Италијанците дозволија 100% капацитет во Палермо за баражот против Македонија

Италија на стадионот „Барбера“ во Палермо ќе игра против Македонија во мундијалскиот бараж/Фото: figc.it

На 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе се игра полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022 помеѓу репрезентациите на Италија и Македонија.

За овој дуел против актуелниот европски шампион нашиот селектор Благоја Милевски в среда (12.00 часот) во просториите на ФФМ ќе го објави списокот на играчи.

Составот се смета и за евентуалното финале на 29 март против победникот од дуелот Португалија и Турција на гостински терен.

Денеска новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца го прифатил барањето на претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина да се дозволи 100% од капацитет за баражот против Македонија.

– Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба и важноста на настанот, нема пречка да се одобри присуство на јавноста еднакво на капацитетот на стадионот Барбера во Палермо за натпреварот Италија – Македонија, што важи за плеј-офот за квалификациите за Светското првенство 2022 година, закажан за 24 март – информира Сперанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот