Манчестер сити на чекор од прво историско финале во Лигата на шампионите

Суперкомпјутерот најголеми шанси за триумф во ЛШ му дава на Манчестер сити/ Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека реваншот натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ ќе биде најтешкиот за неговата екипа оваа сезона.

„Граѓаните“ забележаа победа од 2:1 во првиот полуфинален меч во Париз и се на чекор од прво историско финале во ова елитно натпреварување. Гвардиола нема финале во ЛШ уште од 2011 година кога ја освои титулата како тренер на Барселона.

– Според моето искуство, реваншот од полуфиналето е секогаш тежок. Вие влегувате во натпреварот свесни со резултатот од првиот натпревар и со размислувања за финалето и понекогаш заборавате што треба да направите – да го победите ривалот. Затоа реваншот психички е многу тежок – рече Гвардиола.

Шпанскиот стручњак вели дека нема да биде лесен патот кон завршниот меч во Истанбул, Турција.

– За повеќето во клубот, ова е прв натпревар од ваква важност. Иако сме свесни за влогот, не смееме да дозволиме да нè обземаат емоции. Мора да останеме смирени, ние зборуваме исклучиво за нас и за тоа што треба да направиме за да се пласираме во финалето – додаде Гвардиола.

Воедно истакна дека не размислува за противникот и резултатот од првите 90 минути и дека се обидува тоа да им го пренесе и на играчите.

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Сити и ПСЖ е денеска од 21.00 часот на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот