Манчестер јунајтед понуди решение за нападот на Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Манчестер Јунајтед му го понуди Ентони Марсијал на Реал Мадрид за нова опција во нападот на шпанскиот гигант.

Напаѓачот го започна последниот меч како стартер, но по опоравувањето на Расмус Хојлунд се очекува да остане втор избор.

„Кралевите“, од своја страна, се без центарфор освен Хоселу и покрај трите последователни победи од почетокот на сезоната.

Џуд Белингем се истакна со реализацијата и веќе има четири гола, но повредата на Винисиус дополнително ги намали опциите на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Французинот Марсијал пристигна на „Олд Трафорд“ за 50 милиони фунти од Монако, но не ја понуди константноста потребна за да го води нападот на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот