Малолетници фрлале петарди кај Расадник, поднесена кривична пријава против 14-годишник

Пожар во Расадник. Општина Кисела Вода/Фото: ЦУК

За пожарот кај Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства.

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишникот за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

По пожарот во Расадник: Нема повредени лица, но има материјална штета

– Пријавениот заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 3 септември околу 15 часот кај Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари – информираат од МВР.

Ставен под контрола пожарот во Расадник

Во пожарот, кој зафати околу три хектари површина, како што информираа од Скопската противпожарна единица, опожарена е сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва. Во гаснењето интервенирале осум противпожарни возила и 15 пожарникари, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.

Ангелов: Горат дрвја и грмушки во скопски Расадник, граѓаните да не се вознемируваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот