Малкумина се сеќаваат да го направат ова: Трик со кој секогаш убаво ќе го зачините меленото месо за сарма
Меленото месо е составен дел на многу јадења – го ставаме во полнети пиперки и сарма, кога правиме ќофтиња, плескавици и колбаси. Но, дали знаете колку сол и други зачини треба да се додадат во смесата за да има совршен вкус?
Препорачано
Некои готвачи се потпираат на нивните испробани рецепти, искуство во кујната и интуиција за да го постигнат тој совршен баланс на вкусови, пишува „Пун куфер“.
Некои дури јадат сурово месо, но не го загрозувајте сопственото здравје – попрво користете ги триковите на професионалците. Многу е едноставно, но малкумина се сеќаваат да го направат тоа.
Готвачите во рестораните знаат дека вкусот на состојките може да варира, а прстофатот сол може да биде посилен или послаб. Не сакаат да ја уништат целата смеса со смело додавање зачини. Наместо тоа, тие ставаат по малку за да го пробаат вкусот.
На база на мелено месо одвојуваат мало парче од смесата, го формираат во топче и го пржат кратко на тава, па дури потоа го пробуваат и ги прилагодуваат вкусовите според нивните преференции.
Секогаш е подобро да започнете со помалку зачин и да ја зголемите количината, отколку да претерате и да се разочарате.


