Малески: Куп трофејот е мотив за уште успеси – браво за „Лозарите“, браво за цело Кавадарци

Христијан Малески, фудбалерот на ФК Тиквеш со трофејот во Купот на Македонија/фото: facebook.com/hristian.maleski

Фудбалскиот клуб Тиквеш е освојувач на Купот на Македонија, откако на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше победа со 2:1 над Воска Спорт во 31 финале од најмасовното натпреварување.

Екипата предводена од тренерот Ѓорѓи Мојсов беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се радуваше на првиот освоен трофеј, со кој ја заокружи одличната сезона.

Со овој триумф, тимот од Кавадарци воедно обезбеди учество во квалификациите на Лигата на Конференции.

Христијан Малески, играчот на ФК Тиквеш вели дека овој трофеј дава само мотив за понатамошни успеси и им се заблагодари на навивачите на клубот, верните „Лозари“ што ја даваат потребната поддршка:

– Мислам дека беше еден одличен натпревар со доста возбудувања на двете страни и со една одлична атмосфера од страна на сите навивачи. Во Кавадарци бевме пречекани во многу голема бројка и мислам дека тоа покажува колку значи овој пехар за сите. Тоа што е прв трофеј мислам дека дава само мотив за уште успеси понатака. И за крај морам да кажам едно огромно браво за „Лозарите“, така се сака еден клуб, браво за цело Кавадарци – ни изјави Малески.

фото: ffm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот