Малдини трагичар, Јунајтед славеше на пенали (ВИДЕО)

twitter.com/EPLSL

Јунајтед во Кардиф беше подобар од „росонерите“ во пенал серијата, но и покрај победата не успеа тимот од „Олд Трафорд“ да ја освои титулата во ова натпреварување.

„Црвените ѓаволи“ поведоа во 14 минута преку Решфорд, а Сусо во 26 минута со еден прецизен удар од дистанца донесе израмнување.

Екипата од „Сан Сиро“ успеа и да направи пресврт на средбата после автоголот на Линделоф во 60 минута. Во 72 минута играчите на Солскјер се погрижија за нов егал на дуелот благодарение на одличната соло акција на Лингард.

Следуваа ударите од белата точка, во првите четири серии сите осум изведувачи беа прецизни, за Милан Чалханоглу, Бонавентура, Силва и Круниќ, а за Манчестер јунајтед Лингард, Јанг, Гринвуд и Гомеш.

Во петтата серија за Милан шутираше Даниел Малдини, синот на славниот Паоло и внукот на легендарниот Чезаре, но неговиот удар го одбрани Де Геа. Оваа шанса за триумф ја искористи премиерлигашот преку Џејмс.

Натпреварувањето во Интернационалниот куп на шампионите Јунајтед го заврши на второто место со осум бодови, зад Бенфика која е единствената која освои максимални девет. Милан е на делба на претпоследното место со Гвадалахара со единствен бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот