Mаласади – хавајски крофни: Вкус што ќе ве телепортира во тропските краеви

Маласади, Фото: Instagram

Маласади се традиционални португалски крофни направени од јајца, брашно, шеќер и млеко. Понекогаш се зачинуваат со цимет или шеќер. Оригиналните португалски маласади немаат дупки или полнење, но оние варијации кои се подготвени на Хаваи – имаат

Популарноста на маласадите на Хаваите не е случајна. Имено, португалски работници од Азорските Острови и Мадеира дошле на Хаваи во 19. век за да работат на плантажите. Тие со себе ја донеле својата традиционална храна, вклучувајќи ги и маласадите, кои првично биле подготвувани за да се искористи целиот шеќер и маст во домот пред Великиот пост. Хавајските маласади може да се полнат со разни состојки како што се чоколада, гуава или пудинг од кокос (хаупија).

Потребни состојки:

– 125 мл полномасно млеко
– 2 лажици шеќер
– 1 1/2 лажиче сув квасец
– 350 г брашно (за леб)
– 1/4 лажиче сол
– 1/3 чаша шеќер, плус за зачинување на маласадите
– 2 јајца
– 1 лажица стопен несолен путер
– 60 мл павлака за готвење
– 1 лажиче оцет
– 1 лажиче екстракт од ванила
– масло за пржење
– цимет (по желба)

Фото: Instagram

Подготовка:

– Загрејте го млекото и додадете му квасец и шеќер. Оставете го настрана додека не добие пенест изглед. Во меѓувреме, измешајте го брашното со сол и шеќер. Ставете го настрана. Матете ги јајцата додека не добијат меурчиња. Додајте ја мешавината од квасец, растопен путер, павлака за готвење, екстракт од ванила и оцет. Измешајте добро.

– Во мешавината од брашно, направете мал „бунар“ и додадете дел од смесата со јајца. Користејќи дрвена лажица, мешајте додека полека го додавате остатокот од смесата со јајца. Кога тестото ќе почне да изгледа бушаво, префрлете го на рамна површина и месете го додека не почне да се измазнува.
Префрлете го во голем сад и покријте го со крпа или пластична фолија. Оставете околу 2 часа за да нарасне, односно додека не се удвои во големина.

– Откако тестото ќе нарасне, започнете да ги формирате маласадите. Земете парче од тестото и почнете да формирате кругови од 5 сантиметри. Може да ги формирате со рака или да го израмните тестото и да отсекувате кружни форми со модла или со чаша. Ставете ги на плех, покријте ги и оставете ги да нараснат уште два часа.

– Загрејте околу 5 сантиметри во висина масло за пржење. Внимателно ставете го тестото во тенџерето и оставете да се готви околу 2 минути или додека крофните не добијат златно кафеава боја. Превртете ги и оставете ги да се готват додека не станат кафеави.

– Тргнете ги од маслото и оставете ги настрана на решетка со хартија за печење на дното за да ги собере остатоците од маслото. Гответе го остатокот од тестото со истиот процес.

– Откако ќе се изладат, валкајте ги маласадите во сад со шеќер додека не се премачкаат сите страни. Повторете го процесот додека сите крофни не бидат покриени со шеќер. Ако сакате да имате полнење во маласадите, можете да додадете во овој дел од процесот. Исечете мала дупка во маласадата со нож и користејќи стапче размавнете го од страна на страна за да создадете шуплина за филот.

Фото: Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот