Макс Ферстапен е трикратен светски шампион во Формула 1

фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, ја освои својата трета последователна шампионска титула во Формула 1, откако заврши на второто место на спринтерската трка во Катар, зад возачот на „Мекларен“, Оскар Пјастри.

Третото место го зазеде Ландо Норис од „Мекларен“, четврти е Џорџ Расел од „Мерцедес“, а петти неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Шестото и седмото место ги освоија возачите на „Ферари“, Карлос Саинц и Шарл Леклер, а осми беше Александар Албон од „Вилијамс“.

На Холанѓанецот му беа потребни само три бода за новата титула, што значи да заврши најмалку шести, но тоа го обезбеди кога неговиот тимски колега Серхио Перез излета од патеката.

Ферстапен се приклучи на друштвото на Аиртон Сена, Ники Лауда, Џеки Стјуарт и Џек Бребам како трикратни светски шампиони. Повеќе титули од нив освоија Ален Прост и Себастијан Фетел кои имаат по четири, Хуан Мануел Фанџо пет и Михаел Шумахер и Луис Хамилтон по седум. Холанѓанецот на „Ред Бул“ му ја донесе и седмата титула во конкуренција на возачи, додека австрискиот тим уште порано ја обезбеди титулата кај конструкторите.

Трката за Големата награда на Катар е закажана зав недела од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот