Макрон вети две милијарди евра за намалување на даноците за средната класа

Емануел Макрон /Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Владата ќе одвои две милијарди евра за намалување на даноците за средната класа.

„Побарав од владата да излезе со предлози, за две милијарди евра, кои ќе се фокусираат на средната класа“, рече Макрон во интервју за TФ1, пренесува Политика.рс. Тој посочи дека две милијарди евра ќе бидат дел од буџетскиот план до 2027 година, како и дека нема да се однесуваат на намалување на давачки или придонеси.

„Побарав од владата да работи на тоа, но не сакам да ја затворам вратата бидејќи можеби има паметни работи што треба да се направат во однос на давачките што ги плаќаат, придонесите што ги плаќате кога сте вработен“, рече Макрон, јави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот