Емануел Макрон / Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

Макрон потврди: Франција пресретнала руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот

Француската морнарица запрела и извршила инспекција на нафтен танкер во Средоземното Море, за кој се верува дека е дел од руската „флота во сенка“, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе Н1.

Макрон преку објава на мрежата „Икс“ појасни дека бродот е под сомнеж дека плови под лажно знаме и дека е предмет на меѓународни санкции. Правосудните органи веќе покренаа истрага, а танкерот е пренасочен кон пристаниште.

Според францускиот претседател, операцијата е спроведена во консултација со сојузниците.

– Решени сме да го спроведеме меѓународното право и да ја обезбедиме ефикасноста на санкциите. Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресорската војна против Украина, истакна Макрон.

Ова е втор ваков случај за неколку месеци, откако Франција во октомври заплени брод под сомнение дека и припаѓа на руската неформална флота.

„Флотата во сенка“ е одговор на Москва на меѓународното ограничување на цената на руската нафта, при што Русија се обидува да го прикрие потеклото на енергенсите преку исклучување на сателитските транспондери или префрлање на нафтата меѓу танкери на отворено море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот