Макрон ја претстави својата визија за ЕУ и Балканот

Емануел Макрон /Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Францускиот претседателот, Емануел Макрон, утринава во Стразбур денеска ќе зборува пред европратениците за почетокот на француското претседателство со ЕУ. Тоа ќе биде можност да ги наметне своите предизборни теми во неговата земја, со приближувањето на претседателските избори во април и истовремено да ја даде својата визија за Европа и ЕУ, пишува Франс24.

Макрон веќе ги претстави главните линии на неговото европско претседателство за време на прес-конференцијата во Елисејската палата на 9 декември. Но, Стразбур, европска престолнина, за еден ден, ќе биде и престолнина на француската претседателска кампања, констатираат утринава многу француски медиуми. Имено, Макрон, во неговата двојна улога – на шеф на државата во предизборната кампања и шеф на ротирачкото претседателство на Европската унија (ПФУЕ), денеска ќе да им се обрати на повеќе од 700 пратеници од 26 различни националности за да ја претстави неговата програма со претседателство. Тој што не криеше, во 2017 година, дека води кампања за „повеќе Европа” и кој има намера да покаже, во 2022 година, дека има способност да ја „придвижи” ЕУ за економски и финансиски, социјални, еколошки, како и безбедносни прашања и имиграцијата.

Говорот од Стразбур ќе го означи второто „лансирање” на ова шестмесечно претседателство. Првото беше на 9 декември, во Елисејската палата, кога Макрон им ги претстави на новинарите главните линии на оваа ПФУЕ.

-Тоа беше прилично техничка прес-конференција. Во Стразбур ќе стане збор за давање визија, се наведува од опкружувањето на шефот на државата. Веќе пет години овој модел на либерална демократија, владеење на правото, однос кон солидарноста… е ставен на тест. Мора да го браниме, но мора да се редизајнира за да биде поефективен. Претседателот ќе ги развие своите приоритети, но ќе инсистира на неговиот мал личен придонес: чувството на припадност и европскиот идентитет, велат од Париз.

Оваа недела, почната со петтиот самит „Избери Франција” со цел да ја илустрира „повратената економска привлечност” на макроновата старт-ап нација, тој сака да ги искористи предностите од овој европски момент да покаже дека Франција, како што вети во 2017 година, успеа да ја натера ЕУ да се придвижи, особено поради здравствената криза.

Следни (големи) чекори се: промена на договорите за буџетските правила во поглед на следните дискусии за европските договори и „политизирање” на Шенген за имиграција. Повлекување налево, лизгање надесно, само за да ги одврати критиките од неговите идни претседателски противници.

На првата тема, која со години ја носеше дел од левицата, Макрон повика, во средината на декември, „да излеземе од нашите стари табуа и нашите стари фетиши”. „Прашањето повеќе не е за или против три отсто”, потврди претседателот, за кого денеска се „надминати” критериумите произлезени од Договорот од Мастрихт во 1992 година и впишани во мермерот на Европскиот фискален пакт. Отсега, ќе биде потребно „повеќе пакт за раст и стабилност отколку стабилност и раст”, подвлече Бруно Ле Мер, во неделата, во интервју за неколку европски весници, вклучително и „Екхос”.

-Да, има пакт, ниту една монетарна унија не може да опстане без заеднички правила, рече министерот за економија и финансии. Пактот во целина не е застарен, но правилото за јавен долг се застарени. За време на неговата прес-конференција во средината на декември, Макрон, исто така, ја истакна можноста за извлекување на „одредени национални инвестиции” од заедничките правила, укажувајќи на „потребата од нови инвестиции” за „развој на силни и интегрирани индустриски сектори”.

Имиграција

Што се однесува до имиграцијата, Макрон сака да иницира „реформа на Шенген зоната” со „воспоставување политичко управување, како што направивме за еврозоната”.

-Европа е она што ќе го паметиме од макронизмот, се вели од опкружувањето на на претседателот. Велиме дека немало силни мерки, дека нема еквивалент на брак за сите, дека не сме ги направиле повлекувањата, но ќе останат европските напредоци. И шефот на државата нема намера, по ова прашање, да го стави европското знаме во џеб во претстојната кампања. Овој маркер ја собира неговата изборна база и го става нередот во таборот на Валери Пекрес, неговиот најопасен противник за вториот круг. Републиканците продолжија да бидат поделени околу европското прашање во текот на овој петгодишен мандат и контроверзноста околу европското знаме со ѕвездички под Триумфалната капија – чие повлекување го бараше Пекрес, принудена да ги следи стапките на двајцата претседателски кандидати од екстремната десница – што само ја потврди стратегијата поставена на Елисејската палата: да се осигура дека Европа ќе се наметне како една од темите на оваа претседателска кампања.

Балканот

Околу Балканот, Макрон претходно најави политика на повторно ангажирање и инвестирање на ЕУ во Западен Балкан и оцени дека политичката и економската работа во регионот, е работа на цела Европа.

-Западен Балкан е повеќе од соседство. Балканот е срцето на Европа”, рече Макрон. Претставувајќи ги приоритетите на француското претседателство со ЕУ, тој изјави дека Западен Балкан денеска повторно е исполнет со тензии. ЕУ има посебна одговорност кога станува збор за овој регион, истакна Макрон и предупреди дека за 50 години нема да може да се зборува за „Европа на мирот” доколку Западен Балкан се остави во ситуацијата што е сега.

Француските дипломати во Брисел оценуваат дека Макрон е особено мотивиран и дека ќе го вложи својот политички капитал во решавање на блокадата на Западен Балкан.

Но барем засега од Франција не доаѓаат сигнали дека Париз ќе се вклучи директно во преговорите што нашата земја ги води со својот источен сосед, па ниту дава елементи дека е можен пробив, иако сите го посакуваат во актуелниот геополитички моментум на стариот континент. Но со оглед дека во Франција има избори, претседателски, а потоа и парламентарни, не верува, дека Париз ќе го стави во прв план проширувањето со оглед на резервираноста на Французите за ова прашање. Значи Париз повеќе ќе игра на картата на стабилизацијата на Западен Балкан, отколку на проширувањето. Доволно е да се погледне програмата на француското претседателство и ќе се види дека е предвидена конференција на министрите за внатрешни работи и правда во текот на мај, а во јуни друг состанок посветен на земјите од Западен Балкан, но не во форма на Самит, барем како што се најавува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот