фото: Слободен печат

„Макпетрол“: Се надевавме дека „Окта“ повеќе ќе ги намали цените

Од компанијата тврдат дека „Окта“ во изминатиот период продавал по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остварувал профити,

„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот што го налага моменталната ситуација.

„Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за очекување беше дека ќе се добијат повисоки дисконти во набавната цена“, изјавија преку соопштение од „Макпетрол“.

Оттаму предложија замрзнување на цените.

„Со оглед на состојбата, се очекува цените на суровата нафта и понатаму да растат, а тоа значи дека трговците и натаму ќе бидат принудени да работат со загуби. „Макпетрол“ како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, смета дека е замрзнувањето на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и на малопродажните цени, како што е пракса во регионот. „Макпетрол“ сè уште од добавувачот нема добиено официјално известување за намалувањето на цената“, соопштија од компанијата во чија сопственост се најголем дел од бензинските пумпи.

„Окта“ даде попуст од 2 денарa за литар гориво, ќе го дадат ли и трговците?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот