Македонските У19 надежи со победа ги завршија квалификациите за ЕП 2023

фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир во Скопје.

Нашите фудбалери ги освоија првите бодови и со победа го завршија квалификацискиот циклус (прва фаза) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство 2023 година во Малта. Македонија ги загуби шансите за пласман во следната фаза по поразите од Србија (1:2) и Норвешка (2:6).

Во првото полувреме, избраниците на селекторот Неџат Шабани од старт ја презедоа иницијативата и не дозволија противникот посериозно да се закани по нашиот гол. Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 36 минута. Трајков се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди за предност на Македонија.

Во продолжението од натпреварот, Македонија успеа да постигне уште еден погодок. Назифи во последните мигови од средбата ги постави конечните 2:0.

Во вториот натпревар во нашата група, на стадионот на Македонија Ѓ.П., селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 2:0 во директна борба за првата позиција во нашата група.

Македонија У19: Тасев, Чајани, Серафимов, Јаневски, Ѓоргиевски, Османи,Чилафи, Зенку, Трајков, Талевски, Ташов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот