Македонските репрезентативци по медал на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес

Боите на нашата земја во шпанската Санта Сузана ќе ги бранат Мери Акиевска и Петар Богдановски/Фото: facebook.com/bbffm/

Бодибилдинг и фитнес репрезентативците на Македонија се подготвени за настап и битка со најдобрите на светот на 75 Светското првенство во Санта Сузана, Шпанија. Боите на нашата земји ќе ги бранат Петар Богдановски и Мери Акиевска.

Од федерацијата информираат дека започна соработка со „Моцарт бет“ за која се надеваат дека ќе биде долгорочна и плодна.

Благодарност до нив и до Агенцијата за млади и спорт, предводена од Наумче Мојсовски за подршката која федерацијата ја добива и има – соопштуваат од Бодибилдинг и фитнес федерацијата предводена од претседателот Бобан Ѓороски кој воедно е и меѓународен судија.

Амбициите за ова Светско првенство се поставени високо, целта е освојување на медал.

Завршена беше успешно регистрацијата на нашите репрезентативци, влегоа во посакуваните категории, а според најавите нивниот настап е во сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот