Македонските пливачи Јанковиќ и Ѓуретановиќ на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Лимасол

Сара Јанковиќ и Никола Ѓуретановиќ ќе го претставуваат македонското пливање во Лимасол (Кипар)/Фото: facebook/National Swimming Federation

Денеска преку Солун, македонските кадетски репрезентативци во пливање Сара Јанковиќ и Никола Ѓуретановиќ во придружба на тренерот Горан Стаменов заминаа за Лимасол (Кипар) каде ќе се одржи Медитеранскиот КОМЕН Куп од 3 до 5 јуни 2022 година.

Јанковиќ ќе настапи во следните основни дисциплини на 400 и 800 метри слободно, додека Ѓуретановиќ на 200 и 400 метри слободно.

На линкот ТУКА можете да ги следите резултатите во живо

Освен од Македонија и Кипар, ќе има и натпреварувачи од Италија, Малта, Израел, Белгија, Косово, Франција, Албанија, Србија, Грција и Мароко.

Како што најави претходно Националната пливачка федерација, на Светското првенство во Будимпешта (18 јуни – 3 јули 2022) ќе настапат Евгениј Поп Ацев (далечинско пливање), Андреј Стојановски (пливање), Ева Петровска (пливање) и Миа Блажевска Еминова (пливање).

А на Медитеранските игри во Оран, Алжир (25 јуни – 5 јули 2022) нашата земја ќе ја претставуваат Андреј Стојановски и Ева Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот