Македонските одбојкари го отвораат Европското првенство против Финска

Фото: facebook.com/volleyballmkd

Нашите најдобри одбојкари во рамките од групата „Ц“ ќе стартуваат против Финска на 1 септември со почеток од 19.00 часот по македонско време во Тампере на Европското првенство кое ќе се одржи од 1-19 септември годинава.

Најдобрата македонска репрезентација која ќе биде предводена од новиот селектор Душко Николиќ во второто коло на 3 септември ќе игра против Холандија од 20.00 часот.

Во третата рунда ривали ни се Турците на 5 септември од 14.00 часот, следниот ден противник ни е Шпанија со почеток од 17.00 часот, а во истиот термин на 8 септември групната фаза ќе ја завршиме против Русија.

Покрај Финска, организатори домаќини на континенталниот собир се и Естонија, Полска и Чешка.

Осминафиналето и четвртфиналето ќе се играат во Гдањск и Острава, а завршниот дел во Катовице.

Капитенот Ѓоргиев удри по ОФМ за смената на селекторот: Срамота и греота е

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот