Фото: bfrsm.mk

Македонските млади борачи освоија медали на турнирите во Бугарија и Романија

На меѓународниот турнир во Крајова, Романија, со преку 300 натпреварувачи од 10 земји, македонските млади борачи се изборија за пет медали од кои три златни и два бронзени.

Учествуваа најмладите натпреварувачи на боречкиот клуб Шкупи заедно со Лука Ананиев од БК Балканец. Во категоријата до 28 кг., првото место го освои Јусуф Заими, првопласиран во категоријата до 57 кг. беше Абдулазиз Азизи, а до 60 кг., до златото дојде Суфијан Синани. Бронзи имаат Лука Ананиев (52 кг.) и Мираџ Мустафа (55 кг.)

Екипата на овој турнир беше предводена од Јасин Реџелари и Бунјамин Едипи.

Членовите на БК Балканец настапија на меѓународниот турнир во Перник, Бугарија, во грчко-римски стил.

Со сребро се закитија Наум Иванов и Лука Николов, а со бронзен медал Марко Јорданов. Екипата беше предводена од тренерот на БК Балканец, Давор Тасев.

Фото: bfrsm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот