Македонските каратисти со 12 медали на „Гранд При Кроација“

фото: Grand Prix Croatia

Во Самобор се организираше 32 турнир „Гранд При Кроација“ кој собора повеќе од 1500 каратисти од 27 земји во машка и женска конкуренција.

Македонија на турнирот во Хрватска успеа да освои 12 медали од кои четири сребрени и осум бронзени. Најуспешен беше домаќинот со 116 медали, од кои 31 златен, 29 сребрени и 56 бронзени.

Од македонските натпреварувачи со сребрени медали се закитија Филип Крстевски (Кизаме) деца ката 7 години, Стефан Стојановиќ (Макпетрол) У21, +84 кг., Меритон Зејнели (Металург) У12, -49 кг. и Немања Младеновиќ (Металург) У14, -69 кг.

Бронзи освоија Калина Крстевска (Кизамена) деца ката 10 години, Софија Топалоска (Кизаме) деца ката 9 години, Марко Поптодоров (Гладијатор – Велес) ката јуниори, Маријастела Топалоска (Кизаме) У14, -49 кг., Јована Мицовска (Макпетрол) У21, -61 кг., Данило Божовиќ (Макпетрол) У21, +84 кг. Мила Николова (Кизаме) У14, -54кг. и Цветан Маргаритов (Ботони), -57 кг кадети,

Резултатите од сите категории на овој турнир можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот