Македонските фудбалерки по вторпат ја совладаа Летонија во квалификациите за СП 2023

фото: facebook/ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во својот претпоследен натпревар од европските квалификации за пласман на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Нашите најдобри фудбалерки денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ја совладаа Летонија со 3:2, по вторпат во квалификацискиот циклус.

Гостинската селекција поведе уште во петтата минута со погодокот на Анастасија Рочане, но кратко траеше радоста на противничките.

Наташа Андонова за период од четири минути (13`, 17`) успеа да направи целосен пресврт за предност на македонските фудбалерки.

Андонова беше една од најзаслужните за освојувањето на бодовите, беше асистент во третиот погодок за нашата репрезентација во 72 минута, а стрелец беше Гентјана Рочи. Ривалот до крајот на средбата успеа само да го ублажи својот пораз преку Олга Шевцова во 79 минута.

На табелата Македонија, која одамна ги загуби шансите за Мундијалот, во квалификациската група „Д“ е на претпоследното петто место со шест бодови, три повеќе од Летонија на дното.

Последниот меч во овие квалификации избраничките на селекторот Кирил Изов ќе го имаат на 6 септември на гостувањето кај Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот