Фото: Скијачка федерација на Македонија

Македонскиот скијач Мирко Лазарески со два бронзени медали во Бугарија

Македонскиот алпски скијач Мирко Лазарески успешно ја стартуваше годината во ски-центарот Банско, Бугарија, и веднаш го покажа својот талент и посветеност.

Со две бронзени медали во слалом, Лазарески постигна најдобри резултати во својата досегашна кариера, покажувајќи дека напорниот тренинг, дисциплината и фокусот на патеката даваат резултати.

– Мирко стартува одлично и со овој успех ја потврдува својата растечка форма. Продолжуваме напорно да работиме за уште подобри резултати оваа сезона – вели неговиот тренер Антонио Ристевски.

На првата трка Лазарески дојде до третото место и 42,42 ФИС поени. На првата позиција се најде Марко Семерџиев од Бугарија, пред неговиот сонародник Атанас Петров.

Во конечниот пласман се најде уште еден Македонец, Виктор Петков заврши на осмото место.

На втората трка Лазарески беше третопласиран и дојде до 42,23 ФИС поени. На првото место на подиумот повторно се најде Семерџиев, пред Константин Стоилов од Бугарија. Петков на оваа трка заврши на 12 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот