Македонскиот репрезентативец Петров направи трансфер во Исланд

костадин петров
Пивотот Костадин Петров ќе ги брани боите на исландскиот Тор Акурејри/Фото: Mircea Rosca/facebook Kostadin Petrov

Костадин Петров, од следната сезона ќе ги брани боите на Тор Акурејри, предводена од македонскиот тренер Стевче Алушовски.

Минатата сезона за исландскиот клуб настапуваше десниот бек Томи Јагуриновски кој се пресели во Т. Пролет.

Нашиот репрезентативец Петров потпиша договор (1+1) на една година со можност соработката да биде проодолжена за уште една сезона.

Претходно пивотот ги бранеше боите на Вардар 1961, Металург, Сучеава (Романија), Гвадалахара (Шпанија), Пелистер, Радовиш, Драчево, Куманово, Овче Поле и Борец.

Летово Петров беше во националниот состав предводен од Кирил Лазаров на Медитеранските игри во Оран (Алжир) во кои на шест натпревари постигна 14 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот