Македонскиот репрезентативец Ненад Костески е успешно опериран

Ненад Костески/фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека репрезентативецот на Македонија, Ненад Костески е успешно опериран.

Десното крило на актуелниот шампион во градската болница 8-Септември во Скопје имаше успешна операција.

Битолскиот клуб на својот играч му посакува брзо закрепнување. Потсетување дека Костески се здоби со тешка повреда на гостинскиот натпревар против Колштад во Лигата на шампионите.

Го скина предниот вкрстен лигамент во коленото и поради таа причина ракометарот на Еурофарм Пелистер мораше да биде подлоќен на операција.

Не е познато колкав ќе биде периодот на рехабилитација, за Костески е завршена сезоната, а на репрезентативен план ќе го пропушти баражот за пласман на Светското првенство 2025 против Фарски Острови чии натпревари се на 8 и 12 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот