Македонскиот одбојкар Ѓорѓиев најефикасен во новиот европски меч за АЦХ Волеј Љубљана

ѓорѓиев
фото: instagram.com/achvolley

Денеска во првиот натпревар од четвртфиналето во одбојкарскиот ЦЕВ куп составот на АЦХ Волеј Љубљана загуби на домашен терен со 1:3 од Модена.

Првиот сет го освоија гостите со 18:25, домаќините беа подобри во вториот за израмнување (25:17). Модена беше убедлива во третиот сет со 25:16, а во четвртиот сет кој донесе најголема неизвесност беше решен со 25:22.

Италијанците кои беа предводени од турскиот репрезентативец Адис Лагумџија со 17 поени се поблиску до пласман во следната фаза.

На спротивната страна за Словенците доминираше репрезентативецот на Македонија Никола Ѓорѓиев со 16 поени.

Реванш мечот Модена – АЦХ Љубљана ќе се игра на 15 февруари со почеток од 20.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот