Македонски научник од Харвард со одлична вест за лекување на ракот! (ФОТО)
Се очекуваат позитивни вести од септември за лекувањето на болестите на рак. Истражувањата во Универзитетот на Харвард, САД, напредуваат со позитвни чекори, давајќи им надеж на илјадници луѓе ширум светот погодени од оваа смртоносна болест. Дел од овој тим на научници кои работат на борба против рак е и еден Албанец од Македонија, Башким Зибери. Тој за весникот на албански јазик Шекули раскажува во која фаза се студиите.
Препорачано
– Предклиничките резултати покажуваат успех во 90 отсто од случаите и до крајот на септември ќе започнеме со клинички испитувања кај пациенти со карцином на простата. Се надеваме дека ќе видиме слични резултати и кај луѓето. Треба да се напомене дека производите од канабис за медицински цели исто така предизвикаа огромен интерес и групата со која работам се занимава интензивно во ова насока. Прелиминарните резултати укажуваат на потенцијалот за употреба на производи од канабис во третманот на ран и напреден карцином на панкреасот. Се разбира дека имаме долг пат пред нас, но со работата на многуте научни групи се надеваме дека ќе најдеме лек за канцерогени заболувања – вели тој.

Во ова интервјуто научникот вели дека тој и неговиот тим работат на предклинички студии кои се борат со рак на простата и стомакот. Тој објаснува дека методите што се следат од нивна страна водат кон целосна елиминација на тумороидните зони.
– Болестите на карцином се втората водечка причина за смрт во светот, со околу 17 милиони случаи пријавени во 2018 година. Истражувањата во ова поле е предизвик каде се комбинираат многу области на науката како физика, хемија, биологија, медицина, информатичка технологија и други. Конкретно се занимавам со предклинички студии (кај глувци) во третманот на рак на простата и панкреас со паметни зрачни биоматеријали натоварени со златни наночестички. Главната цел на оваа студија е да се зголеми ефективноста на третманот со карцином и на метастази со испраќање на паметните биоматеријали директно во канцерогениот простор. Користејќи ја терапијата на зрачење, засновано врз физичкиот феномен на фото-ефект и електроните “Auge”, се актиираат наночестичките генерирајќи интензивно локално зрачење што ги уништува канцерогените клетки. Исто така, антигените создадени со канцерогените клетки кои се во изумирање, заедно со имунотерапевтиците, се користат како вакцина за потикнување на абксопалниот ефект на третирање на метастази. Едноставно, за време на третманот на дел од карциномата, иницираме процеси кои можат да го намалат до целосно уништување не само третираната тумороидната зона, туку и метастазите кои се ширеле во телото- објаснува Зибери.
Тој, меѓу другото, објаснува дека дополнителна предност на овој метод е што целата дејност ја врши во пределот на туморот без несакани ефекти, како што ги гледаме во хемотерапија или радиотерапија. Покрај тоа, со приложување на паметни биоматеријали и честички од злато, селективните супстанции кои претпочитаат канцерогените клетки, овие материјали одат директно на местото на туморот, со поголема количина на товар.
– Овој метод може да се користи самостојно или да се вклучи во постојните планови за третман, но значително намалувајќи ги количината на зрачењето што го примаат пациентите, затоа што во овој случај е потребно само една доза на зрачење – рече тој.
Зибери вели дека неговата работа има и емоционална компонента.
– Мотивот е мојата мајка, која почина токму од рак на панкреасот. Ова беше поттик за мене да се справам со овој вид рак – вели научникот.



