фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Ѓорческа славеше во првото коло на турнирот во Германија

Лина Ѓорческа успеа да ја помине првата пречка на фјучрс турнирот во германскиот град Хешинген. Македонската тенисерка беше подобра од Тена Лукас од Хрватска со 2:1 во сетови 4:6, 6:3 и 6:2). Ова беше трета победа во меѓусебните дуели со Лукас во исто толку мечеви и трета со истиот резултат 2:1 во сетови.

Првиот сет го освои Хрватката која направи два брејка и поведе со 4:1 во гемови, а нашата тенисерка ја врати неизвесноста и израмни на 4:4. Но, повторно Лукас направи брејк во деветтиот гем откако Ѓорческа имаше три двојни сервис грешки. Во вториот сет до 3:3 беше израмнето, а во осмиот гем Ѓорческа направи брејк за 5:3 и сетот го доби со 6:3.

Во решавачкиот сет се водеше голема борба и по 3:2 во гемови за Ѓорческа, на сервис на македонската тенисерка во шестиот гем беа одиграни беа одиграни 22 поена. Првата брејк топка Ѓорческа ја спаси со ас сервис, а потоа спаси уште четири брејк топки и ја реализираше четвртата гем топка по која поведе со 4:2. Овој гем се покажа како решавачки бидејќи ги доби нашата тенисерка и сетот заврши со 6:2.

Во текот на мечот Ѓорческа имаше пет аса, а Лукас ниту еден. Нашата тенисерка имаше 15 двојни сервис грешки, а хрватската тенисерка 11. Решавачки сепак брејк топките: Ѓорческа имаше реализација од 78% (7/9) за разлика од Лукас која имаше 38% (5/13).

На овој турнир што се игра за награден фонд од 60.000 долари Ѓорческа со Алена Фомина-Клоц ќе настапи и во конкуренција на двојки и ќе играат против Мариана Дражиќ (Хрватска) и Анита Вагнер (Босна и Херцеговина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот