Македонската ракометарка Сара Ристовска е најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва

фото: РФМ

Членот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација, Сара Ристовска има одлични игри во дресот на рускиот клуб ЦСКА Москва.

На последниот натпревар против Ростов Дон во финалната серија нашето десно крило реализираше пет голови.

Ристовска успеа да го престигне досегашниот рекордер на листата на најдобри стрелци во историјата на клубот Антонина Скороботченко кој застана на 473 голови во 124 натпревари.

Македонката сега е најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва со 475 голови во 152 натпревари.

Сезонава Ристовска има шанса сезонава со својата екипа да ја освои титулата во руската Суперлига. Моментно во финалната серија е 1:1, а „мајсторката“ ќе се игра на 4 јуни кога ЦСКА Москва ќе го пречека Ростов-Дон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот