Македонската параолимпијка Наковска-Бикова златна на Светското првенство во стрелаштво

фото: Македонски Параолимписки комитет

Голем успех за македонскиот спорт во 2022 година оствари македонската паролимпијка Оливера Наковска-Бикова, станувајќи светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.

Бикова во квалификациите оствари одличен резултат од 538 кој е и најдобар во нејзината кариера со што го освои второто место обезбедувајќи место во финалето. Повеќе ТУКА

Наковска-Бикова беше прогласена за најуспешна спортистка на Македонија. Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски во ноември имаше уште еден врвен резултат на Светското првенство во стрелаштво Ал Аин.

Ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварувања: европско првенство, светско првенство и параолимписки игри, а двапати во својата кариера поставуваше и светски рекорд.

Потсетување дека во март беше златна и на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка, во дисциплината воздушен пиштол.

Следуваат квалификациските турнири за Параолимписките игри (Париз 2024), во Кореја е закажан за мај 2023 година, во Ротердам во август, Лима-Перу, како и настап на Европските параолимписки игри во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот