Македонка во „Ол-стар“ тимот: Ристовска е најдоброто десно крило во ЛШ!

фото: Пресс-служба ПГК ЦСКА

Новинарите ги избраа најдобрите ракометарки за оваа натпреварувачка сезона (2020/2021) во женската Лига на шампионите.

ЕХФ го објави „Ол-стар“ тимот, а во изборот на медиумите се наоѓа македонската репрезентативка Сара Ристовска.

Нашата ракометарка која ги брани боите на ЦСКА Москва е прогласена за најдобро десно крило во ЛШ.

Во најдобриот тим се наоѓаат уште Мајда Мехмедовиќ (лево крило), Ксенија Макеева (пивот), Нора Мерк (десен бек), Изабел Гулден (среден бек), Вероника Кристиансен (лев бек), Сандра Тофт (голман), потоа најдобар одбранбен играч е Беатрес Едвиж, а најдобар млад играч е Катрин Клујбер.

Потсетување дека Ристовска заедно со нејзиниот руски клуб ќе биде дел од Фајнал-фор турнирот во Будимпешта, Унгарија (29/30 мај 2021 година), а во полуфиналето за противник го имаат Кристиансанд од Норвешка. Во второто полуфинале се соочуваат унгарскиот Ѓер и Брест од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот