Македонија со највисок минималец во регионот
Со новото покачување на минималната плата кое помина на вчерашната владина седница, Македонија станува земја со највисок минималец во регионот.
Препорачано
Според податоците земјава до сега имаше најниска минимална плата во регионот од само 203 евра. Но со новото зголемување од 2.000 денари минималецот се качува на 14.500 или 236 евра.
За споредба во Србија минималната плата е 230 евра, во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија е 211 евра, a во Црна Гора неодамна е зголемена на 222 евра.
Колку долго ќе останеме на лидерската позиција засега е неизвесно, бидејќи од први јануари во Србија ќе треба да почне исплата на повисока минимална плата од 255 евра.
Од поранешните ју-републики значително поголеми минимални плати имаат Хрватска и Словенија кои се дел од ЕУ.
Хрватските работници можат да заработат најмалку 405 евра месечно, додека во Словенија минималната плата значително ја надминува просечната плата во повеќето земји во регионот со тоа што изнесува 667 евра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


