Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Земјите од Западен Балкан многу поретко се вклучуваат во дијалог со приватниот сектор, со исклучок на Република Северна Македонија, која одржува дијалози на редовна основа, се вели во извештајот на ОЕЦД.

Република Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, а исто така во однос на другите земји има помалку фискални ризици. Ова, како што соопштува Министерството за финансии, се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за Западен Балкан насловен „Government at a glance: Western Balkans 2020″.

Во извештајот, како што стои во соопштението, се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите од ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД кои се членки на ЕУ.

Исто така, се наведува дека од сите земји од Западен Балкан многу поретко се вклучуваат во дијалог со приватниот сектор, со исклучок на Република Северна Македонија, која одржува дијалози на редовна основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот