Македонија со играчи од домашното првенство ќе има тест против Саудиска Арабија

фото: ФФМ

По завршувањето на двата натпревари во Лигата на нации против Грузија и Бугарија, македонската А репрезентација планира до крајот на годината да одигра уште три контролни мечеви.

На 22 октомври ќе се игра против Саудиска Арабија, а селекторот Благоја Милевски ќе им даде шанса на играчите од домашното првенство кои ќе се обидат да станат потенцијални репрезентативци во иднина.

Се очекува да бидат повикани оние фудбалери кои никогаш до сега не биле дел од најдобрата селекција, а имаат потенцијал и квалитет да бидат во сениорскиот дрес. Како и фудбалери од интернационалната сцена доколку се во можност да бидат ослободени од нивните клубови, бидејќи не е официјален ФИФА термин.

Со Саудиска Арабија се сретнавме еднаш исто така во контролен дуел, на 1 август 2001 година во Ријад ремизиравме 1:1.

Потоа, во фаза на договорање се уште две пријателски средби, на 17 ноември во Скопје би гостувала Финска, а три дена подоцна би играле со Азербејџан. Се очекува од ФФМ да ги потврди овие мечеви во следниот период.

Овие натпревари би служеле и како подготовка за редовните квалификации за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот