Фото: МИА / архива

Македонија со една од најниските минимални плати во регионот – зад нас е само Косово

Иако цените и трошоците за живот континуирано растат, минималната плата во Македонија останува меѓу најниските во регионот. Со 397 евра месечно, македонските работници заостануваат зад речиси сите соседи, додека само Косово има понизок минималец. Регионалната споредба покажува јасен јаз меѓу Македонија и земјите кои веќе обезбедуваат значително повисоки минимални примања.

Само Косово, од земјите во регионот, во новата година влезе со пониска минимална плата од Македонија, објави Телма.

Највисоки минимални плати во регионот се добиваат во Црна Гора, каде што е 600 евра.

Во Србија, минималната плата се движи од 505 до 580 евра во зависност од тоа колку работни часа има месецот.

Во Босна и Херцеговина, минималната плата е 525 евра, а во Република Српска 511 евра.

Во Албанија, од Нова година минималната плата е 444 евра, во Македонија е 397 евра, а во Косово 384 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот