Македонија со два медали на Балканското младинско првенство во спортско качување

Васил Караѓозов и Гордан Зографскисе закитија со медали во турскиот Ајдин/Фото: facebook.com/astiboclimbing

Од 27 до 29 мај 2022 година во турскиот град Ајдин се одржа Балканското младинско првенство во спортско качување во дисциплините водство и брзинско на кое учествуваа преку 80 натпреварувачи од шест балкански земји: Турција, Романија, Грција, Бугарија, Србија и Македонија.

Македонскиот качувачки тим го сочинуваа 14 натпреварувачи во пет категории.

Иако за повеќето ова беше прв натпревар од ваков меѓународен карактер, сите го дадоа својот максимум за подобар резултат.

Македонскиот тим се врати со два освоени медали (сребро и бронза) во категориите Ц (2009-2010) и Д (2011-2012), а заслужни за ваквиот успех се Васил Караѓозов од Астибо – Штип со второ место и Гордан Зографски од Екстрем – Скопје на третата позиција.

Останатите резултати од натпреварувачите на „Астибо“ се следни:

– Игнат Санев 8 место (категорија Д)
– Матеј Марков 8 место (категорија Б)
– Лабина Димитрова 9 место (категорија Б)
– Ева Караѓозова 15 место (категорија Д)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот