Македонија со четири учесници на Европското првенство за млади во пинг понг

фото: Пингпонгарска Федерација на Македонија

Со четири млади пинг понгари/ки Македонија ќе се претстави на Европското првенство за млади во Гливице, Полска.

Државата ќе ја претставуваат Нико Доага, Софија Хасану, Фани Јованоска и Александар Јакимовски кои ќе се натпреваруваат во поединечна категорија.

Нашите претставници својот настап го започнуваат денеска, а првенството трае од 14 до 23 јули.

Како што стои на официјалниот веб сајт на шампионатот, Доага во квалификациската група 34 на 19 јули ќе игра против С. Димитров од Бугарија (09.25 часот), против Ф. Палмарсон од Исланд (12.50 часот) и од 16.50 часот против М. Завада од Украина.

Потоа, ривали на Јакимовски во квалификациската група 7 редоследно се М. Забалос (10.40 часот), А. Карабагјак од Косово (14.20 часот) и Дорде Челиќ од Босна и Херцеговина (18.20 часот).

Хасану во квалификациската група 3 во 09.50 часот ќе игра против М. Карновале (Италија) и од 17.20 часот против З. Микајилова (Азербејџан).

И Јовановска во квалификациската група 6, од 15.20 часот за противничка ја има Е. Куцинска (Летонија) и од 19.20 часот К. Шебек (Црна Гора).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот