Македонија со 85 кикбоксери на Балканскиот куп во Тешањ

фото: facebook/WAKO MACEDONIA

Македонската Кик Бокс Маи Таи федерација предводена од нејзиниот претседател Дејан Митровски – Урко ќе учествува на Балканскиот куп во кикбокс кој ќе се одржува во Тешањ, БиХ.

Нашата земја ќе ја претставуваат вкупно 85 натпреварувачи, 26 тренери и четворица судии од 16 клубови членки на КМФМ:

Шампион, Аждер, Тим Зоран, Гладијатор Штип, Енерџи, Патриот, Работнички, Самурај Битола, Ас Делчево, Куманово 2006, Максам, Врапчиште, Гладијатор Скопје, Гладијатор Неготино, Титан, Тетово.

На ВАКО 17 Балкан Опен се очекува да настапат и кикбоксери од Бугарија, Хрватска, Унгарија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Сингапур, Словенија, Турција, како и домаќинот Босна и Херцеговина.

Потсетување дека годинава македонската кикбокс репрезентација учествуваше на Европското првенство за кадети и јуниори во Истанбул, Турција, каде освои шест медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот