Македонија со 19 претставници на Специјалната олимпијада во Берлин

Македонија летово ќе биде претставувана од 19 атлети со атипичен развој ќе настапат на Специјалната олимпијада во Берлин од 12-26 јуни, каде што учествуваат на преку 7000 спортисти од 190 земји како и 20.000 волентери.
За припремите, но и очекувањата од игрите зборуваа на прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, која е поддржувач на настапот на македонските спортисти.
Огромно задоволство и чест ми е како спортист и директор на Агенцијата за млади и спорт да го најавам најголемиот спортски собир за спортисти со атипичен развој, олимписките игри/ Настапот на едно вакво големо натпреварување е вистинска можност за претставување на државата, но и можност за добивање на нови искуства, рече директорот на АМС Наумче Мојсовски.
Mотото „Дозволи ми да победам, ако не можам, дозволи ми барем да се обидам” треба да претставува иницијатива и апел до сите спортски работници и други институции, да се поддржат овие атлети во остварување на своите цели, додаде Мојсовски.
На пресот со свои видувања се обратија и водечките лица од специјална олимпијада Македонија, Моника Бошкоска и Драган Караџовски.