Македонија падна за едно место на ФИБА светската ранг листа

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација на Македонија моментно е на 53 позиција на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на февруарскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.

Двата порази од селекцијата на Грузија во 3, односно 4. коло од квалификациите, условија Македонија да се спушти едно место подолу во светското рангирање.

А со вкупно 201,5 освоени поени, нашата најдобра селекција ја зазема 30 позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Двете победи над нашата најдобра селекција ја „качија“ селекцијата на Грузија на 36 место во светскиот, а на 18 во европскиот ранкинг.

Украина, со која треба да играме во следниот прозорец, остана на позицијата број 32 во светскиот и 16 во европскиот поредок на ФИБА. Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија, со која ќе играме на 1 јули на гостински терен, е лидер во европскиот поредок. „Црвената фурија“ има 724 поени со кои е пред Франција, Словенија Србија и Литванија. Пред нив е само селекцијата на САД, која во овој момент има 763,4 поени во вкупниот рејтинг во машка конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот