Фото: КФСМ

Македонија ослабена во Талин: Против Естонија без Теодор Симиќ

Maкедонската кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Талин каде што в петок ја очекува натпреварот против Естонија во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Пред овој натпревар стручниот штаб на репрезентацијата се соочува со големи проблеми поради недостигот на високи играчи во ростерот. Од претходно надвор од комбинација за настап беше Итан Хап, а сега отпадна Теодор Симиќ.

Кошаркарот на Кожув требаше да биде адут на Јончевски во борбата под обрачите, но поради болест нема да биде во комбинација за настап.

Ќе потсетиме, Македонија во Талин мора да слави со најмалку пет поени разлика за да ги задржи шансите за пласман на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот