Македонија на 31 август ќе ги дознае ривалите во квалификациите за СП 2023

Македонија ќе ги стартува претквалификациите за ЕП 2025 против Данска/Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација на Македонија обезбеди место во квалификациите за Светскиот куп кој ќе се одржи во 2023 година.

Како првопласирани во групата „Ф“, заедно со уште седум селекции од претквалификациите и 24 кои претходно обезбедија директен пласман во една од осумте групи, ќе ја дочекаме и претстојната жрепка.

Ќе биде реализирана на 31 август, (со почеток од 12.00 часот) а ќе се однесува за сите континентални натпреварувања, односно во Африка, Америка, Азија и во Европа.

Квалификациите ќе се одвиваат во оние, сега веќе стандардни „прозорци“ на ФИБА. Ќе стартуваат веќе во ноември кога се планирани и првите две кола од квалификациите.

Дополнителни информации околу ждрепката ќе следат во наредните денови.

Бајиќ: Лош впечаток за крај, но ја остваривме целта, ова е историски за македонската кошарка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот