Македонија ќе игра по три натпревари за 10 дена во Лигата на нации!?

ffm.mk

Нема да биде откажано натпреварувањето, според „Телеграф“ сепак ќе се игра УЕФА Лигата на нации, но во малку изменет формат.

Се одложи Европското првенство, преместено за 2021 година, и натаму нема официјални датуми за враќање на возбудувањата во Лигата на шампионите и Лига Европа, ниту датуми за европските првенства, со исклучок на Германците кои донесоа одлука дека ја продолжуваат сезоната следниот викенд..

Па поради тоа, термини за репрезентациите ги има сè помалку, поради густиот распоред во клупскиот фудбал, логично беше и мечевите во ова новоформирано натпреварување да се одложуваат..

Британскиот „Телеграф“ дознава дека сепак ќе се игра Лигата на нации, но во изменет формат. Новинарот Џејмс Декер од тој медиум, тврди дека европската фудбалска куќа дека УЕФА ќе стори сé да продолжи Лигата на нации, но во малку поинакво издание.

Репрезентацијата на Македонија се наоѓа во Лигата „Ц“, во која се пласираше после првото место во групата „Д“. На патот кон СП 2022, ждрепката одлучи противници да ни бидат Грузија, Естонија и Ерменија.

Како што од претходно е најавено, тие натпревари треба да се одиграат годинава во септември, октомври и ноември, значи во три периоди по два натпревари..

5 септември 2020, Македонија – Ерменија
8 септември 2020, Грузија – Македонија
8 октомври 2020, Естонија – Македонија
11 октомври 2020, Македонија – Грузија
13 ноември 2020, Македонија – Естонија
16 ноември 2020, Ерменија – Македонија

Но, според „Телеграф“, со цел репрезентациите да не зафаќаат многу термини, ексклузивно дознава дека можно е нашата селекција (како и сите други репрезентации) првите три натпревари од својата група 2 да ги одигра за скоро 10 дена. А во ист период и наредните три мечеви..

Па така, на пример гостувањето кај Естонија не би го имале на 8 октомври, туку на 11 или евентуално на 12 септември доколку им се верува на информациите на британскиот „Телеграф“.

Но, погледите сега воглавно се насочени кон натпреварот Македонија-Косово, кој се одложи двапати поради коронавирусот, и наскоро очекуваме нов датум од УЕФА и ФФМ (можно е да се одигра наесен), полуфинале од првото издание на УЕФА Лигата на нации за пласман на следното ЕП. Во второто полуфинале играат Грузија и Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот