Македонија ја победи Турција и го потврди пласманот на Европското првенство

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Турција со 30:27 и така го потврди пласманот на Европското првенство во 2024 година.

Денешниот натпревар во „СЦ Борис Трајковски“ беше и последен во репрезентативната кариера на Гоце Георгиевски. Во финишот за победа блескаа Марко Митев и Мартин Томовски.

Пред почетокот на денешниот натпревар, РФМ му додели дрес на Георгиевски како признание за придонесот во репрезентацијата во изминатите години. По изедначената игра во почетните минути Македонија брзо дојде до 7:4, а потоа водеше и со 10:7. Турција сепак успеа да се врати во наредните минути на 10:9. Изедначената игра продолжи до крајот на првите 30 минути кои завршија со 15:15.

Почетокот на второто полувреме донесе подобра игра на Турција која со серија од 3:0 поведе со 15:18. Водството гостите го имаа константно до 41-та минута, а ние за првпат во вториот дел поведовме во 55-тата минута со голот на Пешевски. Од тој гол до крајот предводени од одличните во тие минути Митев и Томовски, Maкедонија дојде до победата.

Томовски ја заврши средбата со 15 одбрани, Пешевски беше најефикасен со пет гола, исто колку што постигна и Митев (сите во второто полувреме). Али Тинкир беше најефикасен кај Турција со пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот