Македонија има шест градоначалнички и четири министерки, а никогаш немала премиерка или претседателка

Гласање на предвремени парламентарни избори 2020 / 15 јули 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Само шест жени се градоначалнички на вкупно 80 општини во Македонија, а во владата само со четири министерства раководат жени. Од осамостојувањето на државата до денеска, Македонија се уште немала жена премиер или претседател на државата. Ова е состојбата со рамноправноста на жените и тоа во 21 век, во модерно опшество и на патот кон Европската Унија.

Според годишните извештаи на Државниот завод за статистика, половина од населението во земјата се жени, а половина се мажи, но, меѓу нив не постои еднаквост. Постои дискриминација при вработувањето: во структурата на вработени 39 проценти се жени, а 61 отсто се мажи.

Во селските средини од секои 4 жени 3 се невработени. Мал број жени се сопственички на бизниси. Жените немаат можност да ги користат субвенциите за селски развој, бидејќи само 2 проценти од нив во селските средини се сопственички на земјата. Само 5 проценти од жените се сопственички на станбен простор, исто така и поголем процент вработени се мажи.

И во овој пратенички состав доминираат мажите, дури и повеќе од претходниот (ИНФОГРАФИК)

Драгана Дрндаревска од Платформата за родова еднаквост во изјава за Слободен печат вели дека иако речиси и да нема жена што денес нема да прослави 8 Март, состојбата не е за славење. Таа посебно нагласува дека е забележителна дискриминацијата на жените при вработување, бркање од работа поради бременост и сексуално вознемирување на работно место, проблеми со кои ниту еден маж речиси никогаш не се соочил во животот.

-За жал се уште не можеме да зборуваме за рамноправност помеѓу жените и мажите во Македонија. Жените во репродуктивниот период се дискримирани при вработување, а често пати се соочуваат и со непродолжување на договорот за работа поради бременост. Уште еден показател за нерамноправноста на половите е сексуалното вознемирување на работното место, ситуација во која многу ретко или никогаш не се нашол некој маж. Единствено нешто во што сме рамноправно со мажите е степенот на образование, но потоа сите образовани жени се „губат“ на пазарот на трудот, вели Дрндаревска.

Оваа година поради пандемијата и зголемениот број на заразени од ковид-19 ќе изостанат осмомартовските прослави, но во центарот на вниманието остануваат подароците и цвеќето како еден од главните симболи на празникот. Радувајќи им се на малите подароци, жените ќе си приспомнуваат за Клара Цеткин и борбата за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот