Македонија и официјално во четвртиот барабан во квалификациите за СП 2022

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Светската фудбалска федерација денеска и официјално ги објави квалитативните барабани пред жрепката за одредување на групите во квалификациите за СП 2022 година кое ќе се игра во Катар.

Тоа што се очекуваше, денеска доби и официјална потврда, фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде сместена во четвриот квалитативен барабан за европските квалификации.

Покрај Македонија, во овој барабан се наоѓаат уште БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург и со нив избраниците на селекторот Игор Ангеловски нема да можат да играат.
Жрепката ќе се одржи на седми декември во Цирих, Швајцарија.

Европските квалификации ќе започнат во март 2021 година, а ќе завршат во ноември истата година.

Директен пласман на Мундијалот во Катар ќе обезбедат десетте победници на квалификациските групи, додека десетте второпласирани селекции заедно со две селекции од Лигата на нации за сезоната 2020/21 ќе играат баражи меѓу себе.

Прв барабан: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија и Холандија.

Втор барабан: Швајцарија, Полска, Велс, Шведска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка и Романија

Трет барабан: Русија, Унгарија, Република Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција и Финска.
Петти барабан: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Косово, Естонија, Казасхстан, Литванија, Летонија и Андора.
Шести барабан: Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар и Сан Марино.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот